Пожар во плевна во Вејце, оштетени и два автомобила

Од:

Ноќеска во пожар во Вејце изгоре целосно плевна и оштетени се дви возила во неспоредна близина на плевсната. Пожарот избувнал во 1 и 45 минути, а настатата штета се проценува на околу 420 илјади денари.

– Во пожарот што избуванл од неутврдени причини за кусо време целосно изгорел објектот на два ката со 450 бали сено, 9 тони пченица, 8 тони јонѓа, 130 градежни елементи, односно материјали и 4 пластични прозорци што се наоѓале во внатрешноста. Покрај ова оштетени се и две патнички возила „Голф“ со тетовски регистерски таблици оставени во непосредна близина на плевната, информираше портпаролот на СВР-Тетово Марјан Јосифовски.

Тој додаде дека со интервенција на тетовските пожарникари и мештаните пожарот е локализиран, а според сопственикот на плевната вкупната материјална штета се проценува на 420 илјади денари.

Полицијата извршила увид и се работи на утврдување на причината за избувнувањето на пожарот и другите поединости.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени