Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Од:

Изгоре дел од куќа во пожар во Кавадарци. Како што потврдија попладнево од Територијалната противпожарна единица, веднаш по појавата за пожарот, на лице место интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила.

– Пожарот е ставен под контрола. Успеавме да го спречиме огнот и не дозволивме да се прошири на други објекти. Наша екипа е се уште таму и ја следи состојбата, истакнаа од противпожарната единица.

Оттаму рекоа дека засега не се знае точната причина за пожарот. Дополнително ќе се утврдувале причините и висината на материјалната штета.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан