Пожар во камион што се движел на автопатот Скопје-Тетово, возачот пренесен во болница

Од:

По пожар кој избувнал во камион на автопатот Скопје-Тетово вечерва, 32-годишниот возач со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница. Огнот го зафатил товарното моторно возило додека се движело на автопатот од Скопје кон Тетово во близина на Групчин.

-Во 20.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје во близина на Добарски мост било опожарено товарно возило „рено” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.М (32) кој со возило на брза помош бил пренесен во Клиничка болница Тетово, информира Томислав Наумовски, портпарол на СВР Тетово.

Огнот на камионот е изгаснат од тетовските пожарникари.

-Територијалната противпожарна единица Тетово, интервенираше по пријава добиена во 19.55 часот. Интервенираа вкупно пет пожарникари со две возила, еден камион и едно специјално теренско возило за противпожарникарски интервенции, информира командирот Авни Амети. По интервенцијата на ТППЕ Тетово, од СВР Тетово почнале со увид на местото.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“