А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во хотелот „Кристал“ во Куманово

by А1он27/06/2016 - 14:1376
Share0

Екипите на територијалната противпожарна единица Куманово речиси еден час го гасеа пожарот што избувна претпладнево околу 11 часот на последниот кат од поранешен хотел „Кристал“ во строгиот центар на Куманово.

Добивај вести на вибер

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на пожарот интервенирале со едно противпожарно возило и со петмина пожарникари.

Во пожарот причинета е незначителна материјална штета, бидејќи биле зафатени ќебиња и чаршафи, дрвени сталажи на кои имало поставени материјали за работа, претежно текстил.
Поранешниот хотел „Кристал“ еден од најрепрезентативните објекти во Куманово е во стечај неколку години. Според податоците на поранешен сопственик, инаку адвокат по професија Звонко Јосевски, во сите објекти на поранешна АД „Бисерка“ имало вработено близу 230 работници.

– Мислам дека брзо треба да се заврши стечајната постапка, треба да се направи проценка на објектите, да се огласат на јавно наддавање и да ги купи оној кој е заинтересиран, да се намират доверителите да се најде епилог за овие објекти кои се едни од најрепрезентативните во градот, изјави Јосевски пред медиумите.

Во поранешните хотели „Кристал“ и во „Куба“ и двете сопственост на АД „Бисерка“ претходно беа сместени внатрешно раселените лица од липковскиот регион од конфликтот 2001 година.

mvr

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:16

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто