А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во гостиварско Врбјане, изгореле куќа, две плевни и покриви на две куќи

by А1он07/07/2017 - 21:59137
Share0

Во пожар, кој попладнево избувнaл во стара куќа во долнореканското село Врбјани, целосно изгореле две плевни, една куќа и покриви на две соседни куќи, информираат од СВР Тетово. Во огненената стихија нема повредени, но причинета е значителна материјална штета.

Добивај вести на вибер

Пожарот бил пријавен во полициското одделение Ростуше околу 16:30 часот, по што биле повикани противпожарни единици од Дебар и Гостивар.

– Огнот се појавил во стара куќа во Долно маало, сопственост на 81-годишната А.Б., која живеела сама. Огнот брзо се раширил и ја зафатил плевната, која се наоѓала во близина, а зафатил и дел од околните објекти. Пожарникарите успеале да го локализираат и да го изгаснат за помалку од два часа и да спречат поголеми штети, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увидот ќе биде извршен утре, по што ќе се утврдува што го предизвикало опожарувањето во ова горнореканско село.

Во Врбјане ова е втор пожар. Претходно при пожар во куќа, едно малолетно девојче се здоби со изгореници, а нејзиниот татко, со труење од чад.

gostivarpozar

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:07

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски08/03/2026 - 09:0908/03/2026 - 09:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто