Пожар во авто плац во Велешта, горат автомобили и гуми

Од:

Возила и гуми горат на авто плац во струшкото село Велешта, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила.

– Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен авто плац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на авто плацот, изјави Димоски.

На терен интервенираат екипи на територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он