Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Од:

Пожар избил во стан во скопската населба Аеродром, а сопственикот се здобил со изгореници. Заедно со неговиот син поради вдишување на чад се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

– Вчера во 5.14 часот во СВР – Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во стан, сопственост на П.Д., на возраст од 74-години. Од пожарот, со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот 52-годишен син О.Д., поради вдишување чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, појаснуваат од МВР.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје и извршен е увид од увидна екипа од СВР – Скопје.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје