Пожар покрај магистралниот пат Кочани-Виница

Од:

Стрниште, запалена трска и големо количество стари автомобилски гуми горат покрај магистралниот пат Кочани-Виница, информира Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на Регионалниот центар за управување со кризи од Штип.

Како што посочуваат оттаму од запаленото стрниште се запалила високата трска во којашто имало фрлено големо количество стари автомобилски гуми.

Пожарот е пријавен во 14:20 часот. На терен биле испратени три противпожарни возила со осум пожарникари кои спречиле ширење на пожарот. Додека траела акцијата за гасење на пожарот сообраќајот на тој патен правец бил во прекин.

– Ситуацијата се следи од страна на ЦУК и пожарникарите кои се на терен, велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија