Пожар на шума во Кривопаланечко

Од:

Кривопаланечките пожарникари речиси три часа го гаснеа денешниот пожар во атарот на село Борово, каде е опожарена површина од три и пол хектари мешана шума и трева.

– Дојавата за пожар во Територијалната противпожарна единица Крива Паланка е примена во 13 часот и пет минути од страна на дежурен полицаец од Полициска станица од ОН, Крива Паланка. Изгорени се 1,5 хектари ливади, сливи, бор и ореви и два хектара дабова шума, мешана со багрем. Пожарот е целосно ликвидиран во 16 часот и 30 минути, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

На пожарот е интервенирано со две возила и шест пожарникари, во координација со Јавно претпријатие „Македонски шуми“ Подрачно шумско стопанство „Осогово“ и ЦУК.

-Во близина на пожарот се наоѓаше деградирана и мешана шума која постоеше опасност да биде зафатена поради силниот ветар и да се прошири кон куќите во непосредната околина, но интервенирано е навреме и истото е превенирано, додаде Коцевски.

Тој апелираше до населението да се воздржи од палење оган на отворено и палење стрништа, што периодов е честа појава, а претставува опасност од предизвикување поголеми пожари, како и непроценливи штети.

Од ТППЕ Крива Паланка информираат дека и последниот пожар во март бил предизвикан од несовесно однесување.

-Пожарот настана во селото Огут, опожарена е поголема површина трева и шуми, а дојавата беше примена околу четири часот изутрина на 30 март, рече Коцевски.

Би можело да ве интересира

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски