Пожар на планината Беласица

Од:

На планината Беласица од страната на Валандово денеска избувна пожар Огнената стихија споро се шири кон делот на планината што гравитира кон Струмица.

Според информации од ТППЕ Струмица гори над селото Дорломбос, во близина на спомен обележјето на петтемина убиени струмички студенти.

На местото на пожарот се екипи на Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, кои го контролираат пожарот. На местото на пожарот нема пожарникари.

Попладнево струмичките пожарникари гаснеа пожар во близина на селото Водоча. Со брза интервенција пожарот е угаснат и не е дозволено да се доближи до стопански и станбени објекти.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски