ВИДЕО: Пожар на Клиниката за радиологија, евакуирани вработените и пациентите

Од:

Сите вработени и пациенти од Клиниката за радиологија се евакуирани откако пред еден час избувнал пожар во една од просториите на клиниката.

Шест противпожарни возила интервенираат за да го изгаснат пожарот.

Според првичните информации, нема повредени лица, а штетата што е настаната е мала.

Од Противпожарната служба во Скопје за „А1он“ велат дека се уште немаат причини за тоа како настанал пожарот, кој избувнал во една од просториите каде што се чувале хемикалии.

Според нив, пожарот е ставен под контрола и штетата е незначителна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина