Пожар избувна во скопските села Ракотинци и Кучково

Од:

Пожар ги зафати скопските села Ракотинци и Кучково, потврдија за МИА од Центарот за за управување со кризи.

За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Во моментов се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот.

Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.

На мејлот на МИА стигна и писмо потпишано од жители на селото Кучково, во кое наведуваат дека пожар го зафатил селото и упатуваат апел да се реши проблемот со водата.

-Почитувани медиуми вие сте нашиот спас, ПОМАГАЈТЕ! Општината не се јавува на нашите повици. Без капка вода сме, ако се прошири пожарот ќе изгориме! Во селото живееме само постари луѓе ако зафати тешко ќе може да се спаси нешто, се наведува во писмото.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски