Пожар целосно го уништи ученичкиот дом во Дебар

Од:

Во пожар утрово целосно изгоре Ученичкиот дом лоциран во населебата „Венец еден“ во Дебар. Пожарот во монтажниот објект избувнал околу пет часот во вториот кат.

– Веднаш по добиеното известување интервениравме. Во објектот имаше само едно лице кое успеавме да го спасиме и веднаш му беше дадена лекарска помош. Бидејќи станува збор за монтажен објкет изграден пред четири децении пожарот брзо се ширеше, но успеавме да го лоцираме за кус период и спречивме да не се прошири на соседните објекти, изјави Џетан Мифароски, Командир на Тетриторијалната противпожарна единица во Дебар.

Според него, единицата интервенирала со шест противпожарни возила и со екипата од 15 пожарникари.

Објектот веќе неколку години беше вон функција. Последните две-три години во него живееа пет семејства со вкупно 15 членови, кои го немаат обезбедено стамбеното прашање.

Објекот беше исклучен од елекртичната мрежа. Едно од семејствата било со шест деца. За среќа сите успеале навреме да го напуштат објекот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат