Пожар беснее во атарот на селото Татар Елевци над Дебар

Од:

Пожар беснее во атарот на селото Татар Елевци, Дебарско, кое се наоѓа над градот, а самиот град е под барикади, поради одлуката на Владата која поради коронавирусот прогласи кризна состојба во Дебар и Ценатр Жупа.

Веднаш по дојавата, Територијалната противпожарна едница и вработените од подружницата „Стогово” на ЈП „Македонски шуми” се на терен во гаснење на пожарот, но поради недостапниот терен тоа оди тешко.

Според Командирот на единицата Џетан Мифтароски зафатена е површина од повеќе хектари со нискостеблеста шума.

Првичните сознанија наведуваат дека прична за избувнувањето на пожарот е човечка негрижа.

Во овој дел над градот во овој период од годината, чести се пожарите поради невниманието на оние кои ги чистат земјоделските површини или се оди на излет.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски