Повторно продолжен мораториумот на градби во општина Центар

Од:

Советот на општина Центар, вчера го заврши продолжението на 16-тата седница и ја одржа 17-тата седница.
Покрај донесувањето на полугодишните извештаи за работа на ЈП ПОЦ, секторите во општината како и извештаите за работа на градинките, на продолжението на 16-тата седница, советниците ги усвоија и измените и дополнувањата на блoкот 9 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. Блокот 24, кој исто беше предложен за измени и дополнувања но поради низа неправилности, меѓу кои и зголемениот број на жители и возила, станбени објекти, како и потребата од повеќе зеленило, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, со 23 гласа „ЗА“ и 1 „ВОЗДРЖАН“, се донесе одлука за недонесување на измените и дополнувањата на Блок 24.

Со донесувањето на измените и дополнувањата на овие 2 блока, кои се наоѓаат во близина на новото училиште во Капиштец, ќе се овозможи непречено и безбедно функционирање на околните јавни објекти и ќе го олесни движењето на учениците и пешаците, а и на овој начин ќе се направи усогласување со Генералниот урбанистички план (ГУП), донесен од Град Скопје. Се’ додека не се донесат измените и дополнувањата, нема да се гради на територијата на Блокот 24 од ДУП-от Градска четврт Ј 07, соопштуваат од Општина Центар.

На 17-тата седница, советниците на општина Центар, со 14 гласа „ЗА“ и 6 „ПРОТИВ“ по 4-ти пат ја продолжија одлуката за запирање на спроведувањето на Деталните урбанистички планови, односно мораториумот за градби на територија на општината. Со донесувањето на оваа одлука, општината прави чекор кон подобрување на животната средина и овозможување на похумани и нормални услови за живеење на жителите на Центар.

Покрај продолжувањето на мораториумот за градби, на седницата советниците ги усвоија и програмата за реконструкција и санација на градинки и основни училишта, одлуката за објавување конкурс за сценска уметност, како и одлука за прифаќање донација за урбана опрема од Амбасадата на Република Словенија во Македонија, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски