Чавков и четворица обвинети за „крвавиот“ четврток вратени во притвор

Од:

Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, припадниците на МВР, Душко Лазаров и Оливер Поповски, како и Горан Ѓошевски кој беше дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски заедно со Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање вчравечер биле повторно приведени и однесени во истажниот затвор Шуто Оризари, дознава „Макфакс“.

Тие се осомночени за насилниот упад во Собранието на 27 април. Сите пет лица се вратени во истражниот затвор Шуто Оризари откако ОЈО подигна обвинение за инцидентите во Собранието. Пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои исто така беа осободени од притвор со оваа одлука на судот, остануваат во куќен притвор.

МВР потврдува дека се приведени пет лица по барање на Основниот суд, но го потврдува нивниот идентитет. Се чека Основниот суд да излезе со официјална информација, за тоа, зошто на овие лица им е повторно изречена мерка притвор.

К.Л.

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ