Повторно одложено судско рочиштето за „Триста“

Од:

Во Кривичниот суд денеска повторно беше одложено рочиштето за предметот на СЈО „Триста“, во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила. Новото рочиште е закажано за 28 декември.

Претходните две рочишта беа одложени поради недоаѓање на Поповски, кој преку своите адвокати достави медицинска документација дека има отворено боледување.

На последното рочиште на кое присуствуваше Поповски, неговиот адвокат Боро Тасевски потенцираше дека обвинетиот дошол во судницата само заради сомневањата во врска со неговата здравствена состојба.

Неговата одбрана побара одложување на судењето за случајот „Триста“ бидејќи обвинетиот се лекувал од депресија и бил под наркотици поради што, за адвокатите не бил во состојба да следи и присуствува на судењето.

Денеска требаше да биде сослушан докторот кој му ја издал дијагнозата на Поповски, како и независен судски вештак од областа на психијатријата за да се утврди дали обвинетиот може да ги следи судските рочишта. Поповски на рочиштето доставил и ново боледување.

За да може да се произнесат по медицинската документација на Поповски, докторите од судот побарале дополнително време за да направат анализа.

Поповски се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди.

Во овој предмет, Апелацискиот суд одлучи дека прислушуваните разговори може да се користат како доказен материјал.

Би можело да ве интересира

Нови 9 години затвор за Ѓоко Поповски за набавката на полициски возила

Васко Маглешов

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Титаник 3“, „Траекторија“ и повторената постапка за „Триста“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Монструм“ и повторената постапка за „Триста“

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“ на СЈО

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Триста“, „Титаник“ и „Тарифа“ на СЈО

Ана Ололовска

Нови рочишта за „Триста“, „Тврдина 2“ и „Топлик“ на СЈО

Ана Ололовска