(ВИДЕО) Аневски бара Фетаи да биде отстранета од судењето на Никола Груевски

Од:

Советот за јавни обвинители повторно ја одложи седницата на која требаше да се одлучи дали предметот „Сопот“ ќе му биде предаден на СЈО како и за повлекување на обвинението за преметот „Пуч“. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски не даде објаснување зошто повторно е одложена седницата.

Тој соопшти дека Советот вчера ја разгледувал претставката на в.д. претседателката на Кривичниот суд и по извршениот увид на видео материјалот од рочиштето бил донесен заклучок дека Катица Јанева и Фатиме Фетаи во рочиштето за општина Центар го прекршиле етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија.

– Дадовме препорака до јавниот обвинител со заклучок дека ќе треба да ја разгледа можноста од определување на друг јавен обвинител за застапување на тој предмет. Прекршени се основните начела на етичкиот кодекс и посебно членот 14 каде се регулирани односите помеѓу судот и јавното обвинителство каде се пропишува дека тие треба да бидат коректни и да се внимава на однесувањето на јавниот обвинител при застапување на предметите, изјави Аневски.

На последното рочиште за предметот „Насилство“ Катица Јанева и Фатиме Фетаи влегоа во директна расправа со судијката Михајлова при што добија казна од по 2000 евра.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители