Повторно обвинување дека е вратен пациент во Охрид, директорот со став дека снимките од надзорните камери ќе покажат дека е лага

Од:

Видео снимки снимени пред повеќе од една недела кружат на социјалните мрежи, преку кои се тврди дека во Општата болница-Охрид, односно Инфективното одделение, повторно не се примаат и третираат пациенти од струшкото село Лабуништа.

Од снимката објавена на социјалните мрежи се слуша викање и расправија, а се гледа амбулантно комбе е паркирано пред Инфективното одделение, но не и дали во него има пациент. Снимката е споделена сега, бидејќи вчера пациентот починал, пишува во објаснување кое кружи објаснување на социјалните мрежи. Новиот директор на Општата болница-Охрид, Горан Балев за „А1он“ тврди дека ниту еден пациент не вратен, а дека проблеми со жителите од Лабуништа има.

Во видеото се слуша: „Колку време сте тука вие?“, на што другата страна одговара „Саат време“, по што човекот кој снима вели „Значи истото се случува, во Охрид на инфективно. Еве саат време чекаме тука. Саат време истото се случува, што се случи пред недела дена. На докторот му е малку саат време за да даде извештај“.

Балев вели дека контрадикторни и целосно неточни се тврдењата објавени на социјалните мрежи од поединци. Тој тврди дека тоа може да се демантира, и додава дека 70 проценти од пациентите во охридската болница се од струшкиот регион.

„Камерите можат да докажат колку чекал пациентот пред клиниката. Ние работиме по напатствија. Тврдам дека не чекал еден час. Јас имам информации дека имало закани кон персоналот, викање, иако тие постапувале согласно протокол, но повторувам, никој не чекал повеќе од 20 секунди. Максимално се трудиме, а сите пациенти се истренирани согласно процедурите“, посочува Балев.

Тој ги негира тврдењата кои се објавуваат од жителите на Лабуништа дека само пациенти од нивниот крај се враќаат и не се примаат во болницата, бидејќи фактите го зборуваат спротивното, а докази за тоа постојат.

Претходно, разрешена беше директорката на охридската болница, Славица Малеска, бидејќи стружанка не била примена на Инфективното одделение поради тоа што не биле изработени резултатите од тестот за коронавирус, по што почина.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска