Повторно гори депонијата кај „Борис Трајковски“, црниот чад и лошиот мирис се шират низ Карпош

Од:

Дивата депонија во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“ повторно е во пламен, а густиот чад и лошиот мирис се прошири низ Карпош.

Огнот зафатил отпад кој е натрупан на земјиштето, но и дрвја. Депонијата се наоѓа кај кејот на реката Вардар и е на два километри од центарот на Скопје.

На терен се испратени екипи од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, но се чека механизација од општината и од Град Скопје за да се расчисти отпадот. Се работи за градежен шут и отпад.

Пожарот е пријавен во 08:10 часот утринава, а интервенираат девет пожарникари со три возила.

– Чекаме механизација од општина Карпош и од Град Скопје за да се расчисти депонијата, бидејќи вака тешко ќе се изгаси пожарот, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Проблемот со оваа депонија не е нов за надлежните органи. Ова место гореше и во април минатата година, кога градоначалниците на Скопје и Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев, кажаа дека депонијата е стара 50 години и немаат капацитет да ја исчистат. Таму, со години наназад, отпад носеле камиони на „Комунална хигиена“, но и општинските служби. Депнијата потоа беше исчистена.

Депонијата гори од околу осум часот утринава, сведочат граѓани кои го виделе и пристигнувањето на противпожарните екипи.

Би можело да ве интересира

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Трагедија го потресе Исламабад: Бебиња загинаа во пожар во болница

Горан Наумовски

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола