Повторно „едно ништо“ од затворениот пазар во Охрид

Од:

Пропадна уште еден обид на локалната самоуправа во Охрид за изнаоѓање партнер за изградба на затворениот зелен пазар кој долго се најавува пред охриѓани. И вториот по ред тендер за јавно – приватно партнерство за изградбата на пазарот е неуспешен. Охриѓани ќе мора да причекаат до изградбата на пазарот иако локалната самоуправа по неколку одложувања тврдеше дека почетокот ќе биде во декември.

Во јули, оваа година, мнозинството во Советот на Општина Охрид предводено од ВМРО – ДПМНЕ ја изгласа физибилити студијата за јавно – приватно партнерство иако опозицијата сметаше дека со таквиот потег, Бакрачески и власта ќе му ја нанесат најголемата економска штета на градот досега. Откако беше изгласана физибилити студијата, се даде зелено светлно за објавување на втор по ред тендер во кој Општина Охрид требаше да најде партнер за изградбата на пазарот. Иако тогаш од локалната самоуправа се надеваа дека вториот тендер ќе биде успешен, ниту на него не се јави заинтересиран приватен понудувач.

Неуспешноста на тендерите отвара многу прашања на кои јавноста во Охрид допрва ќе треба да бара одговори. Дали локалната самоуправа намерно ги поставува условите во тендерите такви за да не се најде приватен партнер кој би инвестирал во затворен зелен пазар? Каква е намерата ако за изградба на капитални проекти, како на пример затворениот пазар, објавува тендери кои на крајот се неуспешни? Дали со ваквите тендери единствената цел е да се држат актуелни темите кои како предизборни ветувања ги дадоа на последните локални избори?

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид