Повторно државни пари за авторот на спотот за навивачите „балисти“

Од:

Речиси еден милион денари, односно по 500.000 денари за Агим Ајрулари за „Концертот на староградски со модерен стил Агим и пријателите“ и 550.000 денари за Здружението на Албанците уметници и музичари „Лоренц Антони“ од Скопје за Фестивалот на народна и староградска музика „Лира“, се највисоковреднувани на последниот конкурс на Министерството за култура за манифестацијата „Нов културен бран“, што ќе се одржи од 20 септември до 15 ноември во целата земја.

Според резултатите објавени на веб-страницата на Министерството, очигледно е дека меѓу 154 проекти поддржани од сите области на уметничко творештво, распределбата е направена по логиката да се задоволат сите, но некои повеќе и од објективно потребното. Иако оваа манифестација требаше да ја поттикне независната културна сцена и афирмира настани на помалку познати уметници од целата земја и обезбеди оптимален број случувања, кои не поминуваат на редовниот годишен конкурс, меѓу избраните има многу нелогична распределба на средства.

Па, така, здружението „Центар за аудиовизулени уметности“ за настанот „Сите бои на џезот“ добило 40.000 денари, дури и 20.000 помалку од настанот „Ромска модна ревија“ на здружението Ромска фолклорна уметност „Романо Или.

За Фатон Ислами, проект „Наследство на Дерала“, од овој буџет се издвоени 150.000 денари. Инаку, името на Ислами соодветствува со името на авторот што доби средства за видеоспот за навивачката група „Балисти“, во кој имаше навредувачка содржина и говор на омраза на конкурсот минатата година кога министер за култура беше Асаф Адеми.

Средства од 400.000 денари се издвоени и за Фросина Крушкаровска за настанот „Медиумот е порака: 25 години ‘Маргина’ и 10 години ‘Окно’, а за Есенски денови на музика во Ростуше, Галичник, на Катерина Станојевиќ 300.000 денари. Извесен Фикри Амети (кој според информациите што може да се најдат на интернет е етнопејач) добил 200.000 денари за настанот „Етнософра“, а здружението на уметниците „Македонски центар на Интернационалниот театарски институт“ за „Дисперзирана драматика: Сирота мала богата драма“ во Кратово 50.000 денари.

Ова се само дел од проектите кај кои се забележливи тенденции да се наметне повеќе некоја популарна култура, чија вредност е дискутабилна.

Пристигнатите пријави ги разгледувала комисијата во состав: Исмет Рамадани, претседател, и Самет Џенап и Ирена Стериовска, членови.

Како што обрaзложува Министерството за култура, на конкурсот пристигнале 456 пријави, а поддржани се 154 проекти од сите области на уметничкото творештво: самостојни и групни изложби; солистички, камерни, симфониски и фолклорни концерти, рок- и џез-концерти; театарски претстави и филмски проекции и други активности“.

„Во согласност со конкурсот, предност имаа мали мобилни проекти, кои како активност се планирани во помалку развиени региони според развојниот и економско-социјалниот индекс, чија реализација е со соработка меѓу здруженија и поединци од невладиниот сектор, а во нив се вклучени уметници од домашната сцена. Предност исто така имаа носители на проекти што не биле финансирани во рамките на Годишната програма од национален интерес од областа на културата за 2019 година или, пак, ги завршиле проектите со сите фази“, пишува на веб-страницата на Министерството.

Би можело да ве интересира

Министерство за култура и туризам: Меморандумот за разбирање со Британскиот совет е платформа за развој на културната економија

Над 3000 вработени во културата се без плата, од утре излегуваат на протести

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Јавна расправа за Предлог законот за култура – дел од забелешките околу децентрализација на институциите и стручните звања