Повредено осумгодишно дете во Врапчиште: петарда му пукнала во рака

Од:

Дете со повреди на раката било донесено во болницата во Гостивар, по што случајот бил пријавен во полиција и било констатирано дека му во раката му пукнала петарда.

– На 29.12.2025 во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник. Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, гостиварско, кој се здобил со повредите откако во раката му есплодирала петарда, извести МВР.

По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок