Повредените во сообраќајката кај Неготино-Градско надвор од животна опасност

Од:

Тројцата повредени во сообраќајката на автопатот Неготино-Градско, кои беа пренесени во Велешката општа болница, се надвор од животна опасност. Полесно повредениот е пуштен на домашно лекување, а двајцата потешко повредени се задржани во Велешката болница.

Полесно повредениот е од Скопје, а двајцата потешко повредени од Битола.

Директорот на Велешката болница Божидар Бојаџиев изјави дека едниот од нив има скршеница на потколеницата, а другиот две скршени ребра и стапало на левата нога.

Сообраќајката се случи денеска попладне, а во неа учествуваа четири возила. Сообраќајот до 17 часот беше во прекин и се пренасочуваше по стариот регионален пат.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари