Повредените деца се чувствуваат добро

Од:

Седумте деца кои вчера беа повредени во сообраќајната несреќа се чувствуваат добро, пуштени се на домашно лекување.

Несреќата се случила кога учениците се враќале од настава, кај месноста Баткова Чешма. Учениците се враќале од настава, а школското комбе ги носело до домовите во селата Бигла, Драмче, Турија и Илиово.

Камионот удрил во школското комбе, при што децата, кои се од 5-то до 8-мо одделение, се здобиле со повреди. Освен децата во комбето имало и двајца возрасни, кои исто така се здобиле со повреди. Се Од полицијата не ги коментираат информациите дека возачот на камионот, натоварен со руда од рудникот Саса, избегал од местото на несреќата, и дека полицијата го нашла во Делчево.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Трамвај излета од шините, најмалку двајца загинаа, а 38 се повредени

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски