Повредени се четворица малолетници, удриле со возило во канделабар кај Клинички центар

Од:

На 19.8.2022 во 4:20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. Мајка Тереза со ул. Тодор Александров и ул. Белградска патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабар и бетонска жардиниера.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, двајца од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со автомобил удри во толпа во Америка, најмалку 15 се тешко повредени

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Тепачка меѓу малолетници во Скопје заврши со пукање

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје