Повредени полицајци во тепачка на навивачи на Шкендија и Силекс

Од:

На стадионот „Чаир“ во Скопје вчера околу 17.30 часот додека траел фудбалскиот натпревар  меѓу екипите на ФК Шкендија и ФК Силекс, дошло до нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем со меѓусебна тепачка и насилство од страна на групите навивачи „Балисти“ и „Шверцери“.

При интервенција повредени се четворица полициски службеници, кои по укажаната лекарска помош во Градската општа болница биле пуштени на домашно лекување, соопшти денеска МВР.

Во 20.30 часот во СВР Тетово било пријавено оштетување на четири автобуси со кои се превезувале навивачите „Балисти“ до Тетово. Оштетувањето било направено во Скопје од страна на навивачката група „Шверцери“ кои фрлале со тврди предмети кон автобусите. Исто така, оштетено било и патничко моторно возило „Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на „Секуритас М“-Тетово, управувано од Л.С.(18). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава