Повредени полицајци при приведување затвореник пуштен на викенд

Од:

Полицијата синоќа приведе пет лица од Скопје за учество во физички напад и еден затвореник кој бил пуштен на викенд од Казнено поправниот дом во Идризово.

Според МВР, вчеравечер во 21:30 часот на ул. „376“ во Скопје  по пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад, при  обид за приведување на затвореникот О.А.(28) од Скопје, полициски службеници биле попречувани и нападнати од 22 годишниот скопјанец Е.А. Откако напаѓачите биле совладани и ставени во службени возила, полицајците биле нападнати со камења од група граѓани.

Од каменувањето со повреди се стекнале двајца полицајци на кои им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар во Скопје, по што се пуштени на домашно лекување, а e оштетено и едно службено возило.

По превземените мерки, покрај затвореникот и 22 годишното момче што го попречувало неговотоп приведување,  приведени се уште четири други лица:  Н.С. (30), Б.Ф. (38), Ф. М. (32) и С. Ч. (53), сите од Скопје. Полицијата работи на утврдување и на други лица учесници во случајот по негово целосно расчистување и документирање ќе поднесе соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол