Малолетник е повреден во училишен двор во Валандово кога во кругот на дворот во него удрил мотор управуван исто така од малолетно личе.
Момчето се здобило со тешки телесни повреди и веднаш е пренесен во болницата во Валандово.
„ На 28.05.2024 околу 13.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен пешак од с.Пирава, валандовско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово.“ велат од МВР.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.