Повредени четворица работници при несреќа во фабриката „Макстил“

Од:

Четворица работници се повредени во несреќа што се случила изутрина околу седум часот во фабриката „Макстил“.

Според првичните информации пренесени во дел од медиумите, работниците се здобиле со изгореници, откако ливна јама од 100 тони, полна со стопен метал се откачила и паднала, а стопениот метал се разлеал и тоа предизвикало пожар.

Повредените работници се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Надлежните институции за подоцна најавуваат детални информации за несреќата.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари