ФОТО: Повредени 48 патници во превртениот автобус на ЈСП Скопје

Од:

Четириесет и седум лица се полесно повредени при денешното превртување на автобус број 67 на ЈСП Скопје на влезот во Драчево. Повредените се пренесени во Ургентниот центар, ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.

prevrtenBus2

Од вкупно 30 пациенти со контузии по телото кои се донесени во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и на кои им се направени потребните снимања и испитувања, 28 се пуштени на домашно лекување.

prevrtenBus3

Една жена со контузија на главата е задржана на Одделението за невротраума, а еден маж со фрактура на лумбален слабински пршлен е примен на Одделението за трауматологија, информираат за МИА од таа јавна здравствена установа. Двајцата пациенти се во добра општа состојба, но поради претпазливост се задржани на лекување.

prevrtenBus1

Во Ургентниот центар се донесени 13 пациенти на кои им се вршат дијагностички испитувања. Во моментов сите се во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност.

prevrtenBus4

Во ГОБ „8 Септември“ се донесени пет лица со набиеници на меки ткива и без скршеници кои се пуштени на домашно лекување.

prevrtenBus5

Автобус број 67 на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје кој сообраќаа на линијата од Транспортен Центар – Зелениково се преврте изутрината во 6:10 часот на ул. „Драчевска“.

prevrtenBus6

Екипи на СВР-Скопје вршат увид на местото на настанот и ги утврдат причините за несреќата.

prevrtenBus17

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски