Повредени 16 лица во девет сообраќајки во Скопје

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета, а во девет со полесни повреди се здобиле 16 лица.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала 12 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, пет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“ со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден и во подрачното училиште во населеното место Марино, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски