Повредени 10 лица, 14 сообраќајки за 24 часа во Скопје

Од:

Десет лица се здобиле со телесни повреди во шест од вкупно 14 евидентирани сообраќајни незгоди во изминатите 24 часа. Во осум од сообраќајките е причинета материјална штета, покажува евиденцијата на сообраќајната полиција.

Со помош на специјалното возило „Пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 85 возила.

Според најавата во МВР, денеска со почеток во 10:00 часот поранешни вработени на фабриката „Охис“ ќе одржат   мирен  протест пред зградата на Владата на Република Македонија на бул. „Илинден“.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја