Повредена жената која се преврти со автомобил на патот кон Орман, полицијата прави увид

Од:

Повредна е жената која утрово се преврти со автомобил на патот кон Орман во скопско Волково. Таа сама ја пријавила сообраќајката. Полицијата прави увид на местото на несреќата.

„На 24.01.2021 во СВР Скопје, П.П. пријавила дека на локален пат с.Волково кон с.Орман упаравувајќи го нејзиното патничко моторно возило ’Опел’ со скопски регистарски ознаки излетала од патот и се здобила со повреди. Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на местото на настанот“, велат од МВР.

Фотографии од превртената кола утрово беа објавени на фејсбук-страницата Ѓорче Петров, а во коментари граѓаните предупредија дека патот бил замрзнат и апелираа да се вози внимателно.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски