Повредена малолетничка во сообраќајка во Скопје

Од:

Две женски лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 21 часот во Скопје. Едното повредено лице е малолетно девојче.

Несреќата се случила на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Брадфордска“ . Автомобил „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36 годишник од Скопје се судрил со „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 32 годишен жител на с.Грчец, општина Сарај.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“, М.Т.(36), а со телесни повреди се здобила и малолетна сопатничка од истото возило, двете од Скопје.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ