Повреден старец во Тетово поради нерасчистени имотно правни односи

Од:

Седумдесет и седумгодишниот М.Ј. од Тетово вчера со повреди во пределот на главата и телото бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, откако претходно во подрумска просторија од неговата куќа на ул.„Железничка“ бил нападнат од тројца негови роднини поради нерасчистени имотно правни односи.

МВР соопшти дека роднините на М.Ј. со кои ја делел куќата физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а едно од лицата со тврд предмет го удрил во пределот на телото, по што тој паднал во бесознание.

СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ