А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Повреден работник во рудникот Саса

by А1он29/10/2018 - 11:2529/10/2018 - 13:36497
Share0

Раководејќи се според стандардите и процедурите за безбедност и здравје при работа, Рудник САСА ја информира јавноста дека на 28. октомври 2018 во 3 часот и 23 минути, при редовно извршување на работни задачи во една од рудничките јами се случил одрон на парче руда при што еден работник се здобил со повреда – расекотина на натколеницата.

Добивај вести на вибер

„Постапувајќи согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во рудникот САСА, на повредениот работник веднаш, од страна на медицинско лице му била пружена неопходната прва помош во амбулантата на рудникот САСА. Откако повредата била првично санирана, работникот, со амбулатно возило на рудник Саса, во придружба на медицинското лице, е пренесен во амбуланта во Македонска Каменица, каде е прегледан од страна на дежурен лекар и е препратен во медицинскиот центар во Кочани за понатамошни испитувања. Според последните информации од лекарите, моменталната здравствена состојба на работникот е добра.

За настанот се известени сите надлежни органи, како и раководството на рудник САСА, кое согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во компанијата, ги преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на сите околности кои довеле до овој настан.

Грижата за безбедноста при работа и здравјето на вработените има највисок приоритет во рудникот САСА. За да се постигне висок степен на безбедност и заштита при работа рудникот ги имплементира најстрогите меѓународни практики и стандарди, вклучувајќи го и системот за управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001. Во тие рамки, помеѓу останатото, секој вработен е обезбеден со комплетна лична заштитна опрема, се организираат редовни обуки за сите вработени на теми од областа на безбедноста и здравјето при работа, воведени се задолжителни редовни медицински прегледи на сите вработени, формиран е диспечерски центар за континуирано следење на состојбите во рударските јами и останатите постројки, целосно е опремена амбуланта со постојано дежурство на медицинско лице, како и санитетско возило со комплетна опрема“ се вели во соопштението на рудникот САСА.

crna hronikasasa

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он22/03/2026 - 14:16

Божиновска на средба со новото раководство на Рудник „САСА

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 09:49

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 16:56

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто