Повреден професионален војник во прилепската касарна

Од:

Професионален војник на АРМ, на 27-годишна возраст се здобил со прострелна рана од личното вооружување (автоматска пушка) со кое вршел должност вчера во текот на вечерните часови, за време на редовно извршување на стражарска служба во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Од засега неутврдени причини, соопшти денеска Министерството за одбрана, професионалниот војник при вршење на должност на стражарско место во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, се здобил со прострелна рана од огнено оружје во пределот на стомакот.

Професионалните војници кои биле на должност,  веднаш му пружиле прва помош, а за кратко време војникот бил пренесен во градската болница во Прилеп, каде било констатирано дека кај него има влезно-излезна прострелна рана во пределот на стомакот. Војникот синоќа е пренесен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му е извршена хируршка интервенција и е во стабилна здравствена состојба.

За случајот, се наведува во соопштението, се известени надлежните судски органи, органите на МВР и дежурната служба на Воена полиција, кои се излезени на лице место за да ги утврдат причините поради кои дошло до истрелување на куршум од личното вооружување и повреда на војникот.

Врз основа на првичните сознанија, пред извршување на должноста, согласно Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе во АРМ, навремено и целосно е извршена подготовка на  комплетниот состав на лицата кои извршуваат стражарска служба во гарнизонот Прилеп, при што е утврдено дека професионалниот војник кој се повреди, бил во добра здравствена и психофизичка состојба.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација