Поврeден полицаец во инцидент по натпреварот Шкендија-Брегалница

Од:

Еден повреден полицаец, оштетен автомобил „Голф“ и едно приведено лице се последиците по нарушувањето на јавниот ред и мир откако поголема група навивачи на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово-Балисти се собрале пред службените простории на клубот, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

„Во инцидентот оштетен е автомобил Голф, сопственост на Ф.Ш.(25) од Тетово, а како учесник во нарушувањето полицијата го привела  М.М(22) од тетовското село Горно Палчиште“, рече Марјан Јосифовски.

Полицијата по преземените соодветени мерки и активности за целосно расчистување на случајот, ќе поднесе соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип