Повреден полицаец при обид мигрантите нелегално да влезат во Македонија

Од:

На македонско-грчката граница денеска околу 11 часот околу пет илјади мигранти се обиделе насилно да влезат на територијата на Република Македонија, при што биле спречени од страна на македонската полиција.

Мигрантите, кои фрлале со камења и тврди предмети кон македонската полиција, повредиле еден од полициските службеници и ја оштетиле капијата на железничката пруга.

Од МВР информираат дека полицијата употребила солзавец за да се спречи нелегалното влегување на мигрантите во Македонија и тие се спречени во намерата и вратени на грчка страна.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, бегалците во Идомени на грчко-македонската граница во моментов одржуваат мирен протест со окупирање на железничката пруга, откако претходно се обиделе да ја урнат оградата.

Грчката државна новинска агенција АНА-МПА јави дека македонските власти во моментов ја поправаат оградата, а на самото место има и полицајци.

Железничката пруга е затворена, а од 50-тина бегалци кои требало да влезат во Македонија, само 10 успеале да ја преминат границата, поради напнатоста што доведе до затворање на граничниот премин, информира агенцијата.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он