Повреден пешак од Скопје, го удрила „Опел Астра“

Од:

Пешак од Скопје е тешко повреден откако во него удри возило „Опел Астра“, соопшти полицијата.

Несреќата се случила вчера попладне околу 15 часот, на улицата „Тодор Чангов“. 

Возилото со кое управувал Г.Ѓ. (40) од село Долно Лисиче, директно удрило во Б.С. (30) од Скопје кој здобил фрактура на левата потколеница и на левиот скочен зглоб, по што е пренесен и задржан на лекување во ГОБ „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР-Скопје.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он