Повреден мотоциклист во сообраќајка на автопатот Велес-Градско

Од:

Дваесет и едногодишниот Ѓ.П. од Велес бил повреден во сообраќајка што се случила вчера, во 12.35 часот, на автопатот Велес–Градско. Сообраќајната несреќа се случила меѓу патничко возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот К.Е. од велешкото село Сливник и мотоцикл „јамаха Р6“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.П.

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, по незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница – Велес за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Од ЈЗУ Општа болница – Велес, како што информира портпаролот Весна Неделковска Николова, повредениот се здобил со отворена скршеница на надлактица и на потколеница и поради тежината на повредите бил препратен на понатамошно лекување на Клиниката за трауматологија во Скопје.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари