Повреден 87-годишен пешак од село Кучково откако во него удрил автомобил

Од:

Осумдесет и седумгодишен пешак од село Кучково вчера се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки.

Како што се наведува во МВР билтенот сообраќајката се случила вчера во 10:40 часот на улица „1“ во село Волково, скопско, а возилото било управувано од Љ.С.(26) од село Волково.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари