Повозрасна жена потешко повредена по удар од автомобил

Од:

Повозрасна жена е потешко повредена откако била удрена од автомобил на раскрсница во Кисела Вода во Скопје.

– На крстосницата од улиците „Христо Татарчев“ и „1511“, во населба Кисела Вода вчера напладне патничко моторно возило „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки управувано од Л.И.(49) од Скопје удрило во пешакот С.Т. (79) од Скопје. По незгодата С.Т. е пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Од страна на увидна екипа при СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози