Повозрасен маж исчезнал во Мавровско Езеро

Од:

Попладнево во водите на Мавровско Езеро исчезнал маж чиј идентитет и возраст не се познати. Специјализирани екипи на МВР пребаруваат по дното на брегот во близина на месноста Бунец, бидеќи постои сомнеж дека лицето кое пријавено за исчезнато е удавено.

Од првичните информации на Јавното обвинителство најверојатно се работи држжавјанин на Република Турција на возраст од околу 60 години-

Неофицијално, тој со свои пријатели дошол на излет. Попладнево околу 16 часот влегол во езерото со уште едно лице и двајцата излетници запливале во водата. Во еден момент, едниот од нив почнал да тоне и се обидувал да исплива, по што му се губи трагата. Едниот допливал до брегот и побарал помош.

Случајот во полициското одделение Маврово, го пријавил рибар кој бил во близина по што полициски службеници помогнале и едниот од излетниците го префрлиле во гостиварската болница.

Во моментов Јавното обвинителство ја следи потрагата по исчезнатиот која ја изведуваат екипи на СВР Тетово и нуркачи на МВР. Засега не се соопштуваат повеќе детаљи.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена