Повисоки бројки и нова најава за вакцини против Ковид-19

Од:

Месецов во земјава треба да пристигнат дел од вакцините од „Фајзер“. Ова е најавата што вчера ја соопштија и премиерот Зоран Заев и Министерството за здравство. Најавата за стартот на имунизацијата доаѓа во услови кога минатата недела во земјава се бележи раст на бројот на новозаразени лица со Ковид-19 за 56,4 отсто.

Капацитетот на Инфективната клиника е исполнет, поради што во функција повторно се става модуларната болница во Клиничкиот центар. Вакцинацијата од ќе биде во Здравствениот дом во Скопје.

Министерството за здравство соопшти дека компанијата производител на вакцини против Ковид 19 „Фајзер-Бионтек“, вчера го испратила договорот за купување вакцини. „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Македонија ќе и испорача 800.280 дози вакцини. Според договорот, испораката на вакцините ќе се одвива во четири квартали, а првата достава ќе се случи во месец март. Во договорот е наведено дека компанијата „Фајзер-Бионтек“ овој месец во нашата земја ќе испорача 21.060 дози вакцини.

Согласно вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, во претходните 24 часа се регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, починале девет лица и се регистрирани 1.753 оздравени пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а на активни случаи изнесува 8.162.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски