Повик за соработка со универзитетот за архитектура во Казан, Русија

Од:

Министерството за образование и наука информира за повик на Државниот универзитет за архитектура и инженерство во Казан, Русија, за академски институции, училишта и агенти во земјава кои се заинтересирани за соработка преку праќање студенти за студирање дуална програма која се одвива во соработка со Универзитетот во источен Лондон.

Станува збор за програма за додипломски студии по архитектура во траење од пет години и четиригодишни студии по градежништво кои се одвиваат на англиски јазик. Оваа дуална програма исто така предвидува и двoнеделна летна школа на Универзитетот во источен Лондон.

Двата универзитета соработуваат од 2012 година и досега пет генерации студенти успешно ги завршиле студиите и се стекнале со дуална диплома во Велика Британија и Русија.

Новата студиска година ќе почне од октомври 2020 година. Сите дополнителни информации за студиската програма, условите за прием, процесот на аплицирање и формуларот за студенти се објавени на веб-страницата: https://uel.kgasu.ru. 

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови