Повик за палење на хотелите кои се пренаменети во карантини, случајот го испитува полицијата

Од:

Револтот за првиот државен карантин во Битола, прерасна во повик за палење на хотели и убиства. Откако минатата недела, преку страници на социјалните мрежи се ширеше страв дека граѓаните кои стигнаа во државата со хуманитарни летови ќе ги заразат битолчани со коронавирус, поединци, споделувајќи ја објавата, побараа куршум во чело за оние кои ќе се обидат да ги напуштат хотелите. Повикот за линч е пријавен во полицијата од страна на дополнителната заменик-министерка, Славјанка Петровска.

„Ајде браќа и сестри, сложно, запалете ги сите хотели во Македонија каде се сместени ѓаволите. А ако случајно некој сака да излезе, пречекајте го со куршум во чело. Ова е последна шанса да ја зачувате Македонија“, пишува во објавата на „Фејсбук“ со споделена фотографија од автобуси кои се упатуваат кон државните карантини.

Петровска вели дека нема да толерира повик за линч и насилство, без оглед кон кого е насочен.

„На социјалната мрежа ‘Фејсбук’ беше споделуванa објава од лице кое повикува на насилство кон нашите сограѓани кои се наоѓаат во хотелите кои се наменети за државен карантин. Случајот го пријавив и се постапува. Повикот за линч, насилство и говор на омраза не смее и нема да биде толериран, без оглед кон кого е насочен“, напиша вчера дополнителната заменик-министерка, Петровска.

Претходно, дел од жителите на Битола беа револтирани бидејќи хотел лоциран на „Широк Сокак“ е пренаменет во државен карантин.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он