Повик на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ објави повик за кандидирање претседатели на 38 задгранични комитети. Конкурсот се однесува за 21 град во Европа, 12 во САД, два во Канада и три во Австралија.

Ова се поврзува со новиот бран на освежување и окрупнување што го најави и партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека целта е надоградување на потенцијалите и продолжување со заложбите за постојано освежување и реформа.

Нагласуваат и дека интересот меѓу македонските иселеници е голем.

По доставувањето на кандидатурата, односно биографијата и програмата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран и со него ќе биде извршен разговор.

Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за

иднината. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани,стои во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?