Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници

Од:

Министерството за образование и наука објави Повик за искажување интерес за учество во комисија за давање мислење за измена до 30 проценти од содржината на учебниците по предметите: Македонски јазик за прво одделение и Англиски јазик за второ и трето одделение во деветгодишно основно образование.

Заинтересираните за учество во комисијата треба да се наставници/соработници од факултети или наставници од основното односно средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и да имаат најмалку десет години работно искуство во наставата.

Пријавата може да се преземе од веб-страницата на Министерството за образование и наука (mon.gov.mk), каде што се наведени и потребните документи и адресата за аплицирање на повикот. Краен рок за доставување на пријавите е 31 јануари 2019.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци